Јосип Броз Тито бил голем љубител на нумизматиката  па зад себе оставил богата колекција на ретки златници. Еден златник му бил посебно важен.

Станува збор за златник од 500 куни, искован во 1941 година во Независна Држава Хрватска, со ликот на Анто Павелиќ, усташки водач во НДХ.

Броз, заедно со другите лични работи, секогаш го имаше тој златник во џебот, во кафена чанта.

Таа кафена чанта, меѓу другото, била пронајдена при попис на личните работи на Тито по неговата смрт на 4 мај 1980 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.