Српската полиција денеска уапсил четворица тинејџери осомничени дека до смрт го претепале нивниот другар, 18-годишниот Мартин Барн. Како што дознава „Блиц“, уапсени се М.Д. (19), Ј.Д. (18) и двајца малолетници.

Тие се сомничат дека по кратка расправа го нападнале Барн, и го шутирале со раце и нозе. Обдукцијата покажала дека од силните удари, му пукнал црниот дроб. Неговото тело беше пронајдено на 18 септември во градскиот парк во Нови Кнежевац.

Одреден им е 30-дневен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.