Триесет и тригодишната Елвира Коломпар од Сента, која загина во сообраќајна несреќа веќе преживеала две трагедии кога три деца изгубила во два пожари.

Имено, во ноември 2018 година, во пожар кој избувнал во трошната куќа во Сента, настрадала 8-годишната Емина, додека нејзините двајца браќа и сестра биле тешко повредени.

Во сличен пожар кој се случил пред 13 години во барака во Сента, Елвира изгубила две деца.

Кон средината на јануари 2006 година настрадале 3-годишната Анабела и 9-месечната Наталија.

После минатогодишната трагедија, на Елвира и нејзините деца им бил доделен општински стан. Во ноќта меѓу саботата и неделата, неколку часа после сообраќајната несреќа во која загинала Елвира, нејзините деца биле сместени во хранителски семејства.

Несреќната жена била на задното седиште од автомобилот од марката „фолксваген пасат“, со германски регистерски таблички, со кое управувал 52-годишниот Јожеф Ковач.

Од се уште непотврдени причини, автомобилот удрил во сообраќаен знак, а потоа и во бетонски столб. Во возилото бил и 24-годишниот Миодраг Ј. Телата на настраданите се испратени на обдукција. Истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.