Огромна гужва утрово имаше во трговскиот центар Ушче во Белград, каде што граѓаните дојдоа да се вакцинираат против корона на новоотворениот пункт за вакцинација, но и да добијат ваучер во износ од 3.000 динари, што беше награда за првите 100 кои дојдоа до пунктот.

Иако отворањето беше закажано за 9.00 часот, многу граѓани започнаа да се сибираат во редици пред трговскиот центар уште пред 8.00 часот. Огромна толпа тогаш се пресели и во трговскиот центар. Долги редови се формираа во ходниците и ескалаторите пред пунктот за вакцинација.

Денес, првите 100 вакцинирани лица ќе добијат ваучер вреден 3.000 динари (околу 1.500 денари) за пазарување во трговскиот центар. Оваа акција продолжува утре, кога првите 50 вакцинирани ќе добијат ваучер, но вреден 5.000 динари (околу 2.500 денари) за пазарување во продавниците на „Фешн и френдс“, а првите 100 вакцинирани в сабота ќе добијат пакет подароци од компанијата „БГ електроник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.