Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски разговараше со Американскиот претседател Доналд Трамп во средата попладне, изјави портпаролот на унгарскиот премиер за државната новинска служба МТИ, објави „Будапест бизнис џурнал“.

Тие разговараа за важноста на граничната безбедност, мерките за заштита од коронавирусот и справувањето со последиците од пандемијата врз глобалната економија, рече Берталан Хаваси. Орбан и Трамп констатираа дека билатералните политички и економски врски меѓу Унгарија и САД се одлични, додаде тој.

Белата куќа соопшти попладнево дека Трамп и Орбан се согласиле дека и Американците и Унгарците сакаат нивните заедници да бидат повторно отворени и да се вратат на работа.

Соговорниците разговараа за важни билатерални и регионални прашања, вклучително и гранична безбедност, телекомуникациска безбедност и потребата за проширување на синџирите на снабдување и заштита на критичната инфраструктура, соопшти Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.