Педесетичетири годишен маж утрово своите 4 деца ги фрлил од прозор од првиот кат на неговата куќа во Паг, Хрватска, јавуваат хрватските медиуми.

Полицијата утрово околу 7 часот добила дојава дека маж од висина од 6 метри ги фрлил своите четири малолетни деца на возраст од 3, 5, 7 и 8 години. Според локалните медиуми, станува збор за проблематично семејство кое на ова место неодамна се доселило.

Две од децата се потешко повредени, а за сега не е позната состојбата на другите две. Додека се случувал немилиот настан, во куќата била и 43-годишната мајка на децата.

На местото на настанот итно се упатиле полициските службеници, како и докторите, кои веднаш им пружиле прва помош на децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.