Новиот црногорски амбасадор во Србија, Тарзан Милошевиќ, името го добил во времето кога биле актуелни филмовите за човекот од џунглата.

Кога сум се родил во 1954 година, дедо ми предлагал едно име, а мајка ми друго. Татко ми, кој не можел да ги смири дедо ми и мајка ми околу името, ми до „надена“ името Тарзан, објасни во една прилика дипломатот.

Милошевиќ, кој веќе ја започна својата функција во Белград, вели дека името воопшто не му смета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.