Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека ќе поднесе оставка доколку Специјалниот суд за воени злосторства што ги извршила ОВК го потврди обвинението, чиј нацрт беше подготвен од страна на обвинителството на тој суд.

Следните денови, ќе се консултирам со политичките лидери околку следните чекори. Ве уверувам уште еднаш, нема да се соочувам со правдата од оваа канцеларија. Доколку обвинението биде потврдено, веднаш ќе поднесам оставка. Нема да дозволам овие лажни обвинувања да го одвлечат вниманието на Косово да го заземе своето место во меѓународната заедница, како членка на Обединетите нации, НАТО и Европската унија, рече Тачи

Специјалното обвинителство на Судот за воени злосторства на Ослободителната војска на Косово достави обвинение до комисијата на овој трибунал, обвинувајќи го поранешниот политички лидер на ОВК, Хашим Тачи и шефот на неговата тајна полиција, Кадри Весеjли, за убиство на 100 луѓе, како и за низа други дела.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.