Косовскиот претседател Хашим Тачи на Фејсбук објави дека одбил да присуствува на самитот во Охрид, наведувајќи дека Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива, јави Танјуг.

Тој наведе и дека Србија, на првиот самит на оваа нова регионална иницијатива, „намерно го занемарила Косово“.

Според Тачи, оваа регионална иницијатива е „бесмислена “ сè додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово.

Се залагаме за надминување на сегашните пречки преку дијалог и меѓусебно признавање. Само откако тоа ќе се случи, ќе станеме дел од ваквите регионални иницијативи како еднаква држава, напиша Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.