Косовскиот претседател Хашим Тачи го претстави денеска новиот континет од 47 оклопни борбени возила, кои Безбедносните сили на Косово (ФСК) ги купија од Соединетите Американски Држави и кои во саботата стасаа во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на својата страница на Фејсбук по средбата со командантот на ФСК, генерал-полковникот Рахман Рама, Тачи информира и дека наскоро ќе започне регрутацијата на нови припадници на косовските вооружени сили.

Денеска имав информативна средба со командантот на Безбедносните сили на Косово, генерал-полковникот Рахман Рама. Војската на Косово набави нов контингент од 42 американски борбени возила „Хумвее“. И регрутацијата на новите војници ќе започне наскоро. Слободата, независната држава и војската ни ги даваат идентитетот и гордоста за слободата и демократијата, напиша Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.