Манастирите во Света гора, од вчера, па се до 30 март 2020 година, се затворени за посетителите и верниците, со одлука на управните органи, но и на Светата заедница за усогласување со одлуката на грчката Влада за превентивните мерки за спречување на дополнително ширење на коронавирусот.

Како што објавија грчките медиуми, заменик – управителот Аристос Касмироглу конкретната одлука ја доставил до Светата заедница.

Претходно, Светата заедница, што е и највисокиот орган на Света гора на одржаниот состанок, ја прифатила одлуката на грчката Влада што се однесува на затворањето на црквите и сите останати религиозни објекти во Грција.

Одлуката не важи за оние кои работат на полуостровот Атос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.