Обвинителството на Судот во Хаг доставило документи до црногорското Специјално државно обвинителство за предметети за воени злосторства за процесуирање на 15 лица.

како што објави порталот „ЦДМ“, од Хаг соопштиле дека овие истраги се одвиваат во тајност, но навеле дека се работи за тешки злосторства, кои вклучуваат и сексуално насилство.

Според изјавата на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг суд, Серж Брамерц, обвинителството ќе продолжи директно да соработува со своите партнери на државно ниво заради поддршка во натамошните истраги и кривичното гонење.

Првиот човек на Специјалниот полициски тим Драган Радоњиќ неодамна во интервју за „Дан“ изјави дека одделението на чие чело се наоѓа по налог на Специјалниот државен обвинител во десет предмети собирало податоци врзани за постоењето сомнение дека е извршено кривично дело воено злосторство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.