Протестот пред Собранието на Србија против новите најавени мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус излезе од контрола вечерва по 22 часот, јавија локалните медиуми.

Демонстранти ја пробија заштитната ограда пред Собранието, запалија факели, и се судирија со полицијата во обидот да влезат повторно во Парламентот.

Протестот почна по 20 часот, откако беше блокиран за сообраќај просторот пред Парламентот. Демонстрантите извикуваат „Вучиќ крадец“, „Оставки“.

Според белградски медиуми кон толпата се упатиле и студенти од домовите во главниот град на Србија.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.