Двајца мажи се убиени денеска во пресметка на илегални мигранти кај Цазин во северозападна Босна, потврди вечерва локалната полиција.

Мигрантите се судриле кај селото Штурлиќ во близина на границата со Хрватска, а полицијата за тоа била известена од локален жител. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи од Унско-санската жупанија Але Шиљедедиќ потврди дека полициска екипа е испратена на терен на местото на судирот и затекнале двајца мажи кои не давале знаци на живот.

„На телата имаа видливи рани нанесени со ладно оружје“, рече тој.

Полициjата утврди дека во овој судир повеќе мигранти се повредени.

Жупанискиот министер за внатерешни работи Нермин Кљајиќ рече дека во тој дел БиХ имаат се поголем проблем со мигрантите кои таму почнуваат масовно да доаѓаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.