Одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ од утре да ги затвори сите студентски домови во Белград и да ги исели студентите поради порастот на бројот на заразени со коронавирус во главниот град, предизвика незадоволство меѓу студенстката популација која вечерва почна спонтано да се собира на улиците.

Најголемиот собир бил во Студентскиот град, но и во студентскиот дом „4 Април“, каде незадоволните студенти излегле и блокирале една од улиците.

Еден од учесниците во протестот изјави дека собирот бил спонтан, целосно е блокирана улицата во близина на студентскиот дом, а сообраќајот е запрен.

Полицијата дојде и си замина. Атмосферата е одлична. Ништо не е готово и ние нема да заминеме се додека не се реши ситуацијата. Нема лидер на протестите, истакна еден од студентите.

Меѓу младите биле забележани пароли „Правда за студентите“. Некои од студентите ги повикувале станарите од околните згради да им се придружат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.