Во тешка сообраќајка која се случи во Србија кај тунелот Стажевица, вечерва околу 19 часот и 45 минути, загинал возач на пикап после директен судар со камион.

Во несреќата се повредени шест лица, а со брза интевенција на спасувачките екипи избегната е поголема трагедија.

Сообраќајот е речиси во прекин, додека пак очевидците биле воодушевени од брзата реакција на полицијата и пожарникарте кои дале се од себе за да им помогнат на повредените додека да стигне брзата помош.

„Беше страшно, се слушаа лелеци од смачканите возила, никој не смееше да им се доближи на повредените, а полицајците пријдоа и ги смирувааи се обидуваа безбедно да ги извлечат додека да пристигне помошта.Имаше многу луѓе во тунелот, сите гледаа но никој не се осмели да се доближи со повредените“ раскажал очевидец за Курир.рс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.