Александар Вучиќ откри неодамнешен разговор со еден западен дипломат кој го предупредувал дека не смее да биде толку успешен во набавката со вакцините и оти не смее многу да „штрчи“ во однос на Македонија, Црна Гора и Босна и Херговина.

Вучиќ објасни дека по средбата бил многу лут и оти се воздржал да не паднат тешки зборови и навреди.

Вие Србите морате да бидете скромни и послушни и понизни и не смеете да се фалите да се фалите дека сте први во Европа по вакцинација и по раст. Не смеете да отскокнувате во регионот вашето место мора да биде исто со Македонија,Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина-ја објани Вучиќ забелешката од дипломатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.