Стотици граѓани се собраа на вечерашниот митинг во Подгорица, во знак на протест против иницијативата за гласање недоверба на актуелната Влада и можното формирање малцинска влада, јави агенцијата МИНА.

Демонстрантите откако се собраа кај храмот „Христово Воскресение“, стигнаа до зградата на Собранието, а при протестната прошетка беше истакната паролата – „Гласовите се украдени за владата на ДПС“.

На присутните пред храмот им се обрати пратеникот на Демократска Црна Гора, Момо Копривица, кој им порача на насобраните граѓани да тргнат заедно „во одбрана на Црна Гора според потребите на сите нејзини граѓани“.

На протестот присуствуваа и претседателот на десницата на Црна Гора, Марко Милачиќ, пратениците од Демократите, Владимир Мартиновиќ и Данило Шарановиќ.

На протестот беа и демократските функционери Никола Ровчанин, Владимир Чаѓеновиќ, Марко Митровиќ.

Претходно беше најавено дека протести во Подгорица ќе се одржуваат во четврток и недела

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.