Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг истакува дека НАТО бара начини да избегне ненамерни конфликти во источниот Медитеран.

Истовремено, Столтнеберг порача дека Алијансата ги поддржува германските дипломатски напори за смирување на конфликтот меѓу членките на НАТО Грција и Турција за енергетските ресурси.

Ја разгледувам можноста за развој на механизми на НАТО за спречување инциденти и несреќи, преку механизми за деескалација на конфликтот – изјави Столтенберг по состанокот со министрите за одбрана на ЕУ.

Столтенберг додаде дека самиот факт што голем број бродови, вклучително и воени, се наоѓаат во таа ограничена зона, предизвикува загриженост.

Грција и Турција, земји кои и двете се членки на НАТО, спорат околу контролата над водите во источниот дел на Медитеранот и правото на експлоатација на јаглеводород.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.