Во годишниот извештај на Стејт департментот на САД за состојбата со човековите права во светот се наведува дека властите во Бугарија „преземаат чекори за гонење и казнување официјални лица кои ги прекршиле човековите права, но владините активности не се доволни и неказнивоста е проблем“.

Во делот за Бугарија од извештајот, Стејт департментот ги нагласува како сериозни проблеми случаите на „полициско насилство, произволно апсење, сериозни проблеми со независноста на судството, сериозни ограничувања на слободното изразување, вклучително и цензура во медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари, корпоративен и политички притисок врз медиумите“ и други.

Во извештајот се додава дека Владата во Софија генерално ја почитува слободата на говорот, вклучително и печатот.

Сепак, останува загриженоста дека корпоративните и политичките притисоци, во комбинација со растечката и нетранспарентна концентрација на мрежата на сопственост и дистрибуција на медиуми … значително го оштетија медиумскиот плурализам – се нагласува во извештајот.

Стејт Департментот во извештајот нагласува за неказнивост на службените лица во коруптивни практики, вклучително и мито, судир на интереси, злоупотреба на средства и кршење на правилата за јавни набавки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.