Албанија и понатаму е една од најкорумпираните земји во Европа, според Индексот за перцепција на корупција и други показатели покажува последниот извештај на амерканскиот Стејт департмент, каде што повторно се изнесени високи критички оценки за деловната клима во земјата.

Според извештајот, странските инвеститори ја наведуваат корупцијата, особено во судството, каде што неефикасните процедури ја поткопуваат заштитата во Албанија, поради што мора да бараат меѓународна арбитража за решавање на недоразбрањата. Притоа посебно е наведен случајот на една американска компанија.

Во 2019 и 2020 година, напорите на една амерканска компанија да инвестира се спречени со неколку судски одлуки и сомнителни активности на заинтересирани страни. Работата сега е на меѓународна арбитража – стои во извештајот пенесува телевизијата „Ора њуз“.

Според истиот извор како и во многу други извештаи, на што редовно предупредуваат и медиумите, тендерите исто така остануваат предизвик.

Во извештајот се наведува дека пречка за странските инвеститори останува и недостигот на транспарентност во системот за јавни набавки, но и лошото спроведување на договорите. За голем товар за албанската економија се сметаат и концесиите.

Зголемената употреба на договори за јавно приватно партнерство ги намали можностите за конкуренција, вклучувајќи ги и странските инвеститори, во инфраструктурата и другите сектори. Лошата анализа на трошоците и придобивките и недостатокот на техничка експертиза во изготвувањето и следењето на договорите за ЈПП се тековни грижи – се наведува во извештајот.

Се посочува дека правата на сопственост и понатаму се предизвик во Албанија, затоа што е „тешко да се добие јасна потврда, а различните имиња во имотните листови се сметаат за сериозно и вообичаено прашање“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.