Им честитам на сите на денешниот ден на изборите, што е уште еден датум на кој треба да ја покажеме нашата одговорност за изградбата на политичка власт, изјави службениот премиер на Бугарија Стефан Јанев откако гласаше на предвремените парламентарни избори во земјата.

Гласањето е наша одговорност и можност преку партиите да ги покажеме нашите желби и визии за изградба на власт и за транспарентно управување во интерес на Бугарија … Од нас зависи иднината на земјата, нејзините социјални, образовни, економски политики, ги повикувам сите масовно да гласаат, додаде тој.

Се надевам дека ќе се формира кабинет по изборите. Сè зависи од предвидлив и стабилен кабинет – нагласи Јанев.

Ние ја покажавме нашата решеност да го сведеме на минимум купениот глас. Во моментов има масовно полициско присуство низ целата земја, ја пренесува Бгнес изјавата на Јанев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.