Дел од статуетка на богот Хермес, во добра и прилично соочувана состојба, е пронајдена во центарот на Атина при работа во канализацијата.

Во известувањето на грчкото Министерство за култура, се вели дека се проценува оти главата на Хермес датира од крајот на четвртиот или почетокот на третиот век пред нашата ера. 

Во соопштението на Министерството се наведува дека статуата го прикажува Хермес во неговите „зрели години“, за разлика од вообичаените негови прикази како млад човек.

Откако се нашла во канализационата мрежа, главата во еден миг се заглавила во ѕидот на одводен канал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.