Во Грција дополнително се зголеми бројот на новозаразени и по пауза од два месеца, повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи, поконкретно вкупно 3.109, а починаа четири лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Последен пат, над 3.000 новозаразени имаше на 11 мај годинава.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, од новите случаи 24 се увезени, од кои 11 откриени на влезните точки во земјата, а повторно најголемиот број, повеќе од половина (1.571) се во регионот Атика, поширокиот регион на Атина, а 214 се во Солун.

Освен на новите случаи, зголемен е бројот и на хоспитализирани лица, за 31,76 отсто во споредба со вчера, додека, пак, 133 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.