Иницијативата на т.н. „мал Шенген“ веќе даде одредени резултати во економијата на што долго се чекаше, изјави денеска претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж.

Тој во интервју за РТС, рече дека преминот Табановце, а наскоро и преминот меѓу Северна Македонија и Албанија (Ќафасан) ќе работи 24 часа на ден. Во сите три смени, работат сите инспекциски служби потребни за минување на камионите, договорено е да се признаат меѓусебните транзитни документи, што ќе овозможи побрз проток на стока, оцени претседателот на ПСК.

Чадеж, кој учествуваше на дводневниот самит за „мал Шенген“ во Тирана, исто така посочи дека Србија, Северна Македонија и Албанија по првпат ќе ги третираат граѓаните на другата земја како домашни.Тој наведе дека, на пример, во Албанија и Северна Македонија ќе се патува со лична карта, ќе бидат признати квалификации, а граѓаните ќе можат да се регистрираат со помош на посебен систем, кој веќе е завршен.

-Кога влегувате со лична карта, вие веќе се валоризирате, ја знаете идентификацијата. Добивате еден број со кој можете да функционирате, да работите, да живеете во која било од овие три земји. Тоа е нешто што навистина е голема работа, истакна Чадеж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.