Српскиот патријарх Порфириј е во самоизолација, затоа што бил во контакт со лице заболно од коронавирусот

Имајќи предвид дека тој бил во контакт со свештеник за кој се испоставило дека имал благ и асимптоматски облик на коронавирусот, Неговата Светост Патријарх на Србија, г. Порфириј, по совет на лекар, наредните денови ќе биде во самоизолација, се вели во соопштението на СПЦ.

Неговите контакти ќе бидат сведени на минимум во наредниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.