Српскиот криминалец Страхиња Стојановиќ, кој пред две недели беше разнесен во својот џип е убиен поради освета за неговата вмешаност во ликвидацијата на познатиот адвокат Миша Огњановиќ. Огњановиќ пак беше застапник на познатиот Лука Бојовиќ кој е во затвор за шверц на дрога.

Како што пишува „Курир.рс“ Стојановиќ бил длабоко навлезен во шверцот на кокаин од Јужна Америка од каде што доаѓа и неговата девојка Соња Суарез која исто така беше во џипот но не беше повредена.

Страхиња имал и бизнис со препродажба на автомобили и автоплац кој му служел како параван за мноху поисплатливиот бизнис со дрога.

Српската полиција пред неколку дена го упаси убиецот на Страхиња.Станува збор за извесен Миливоје од Босанска Градишка кој со далечински од велосипе ја активирал експлозивната направа под џипот на Стојановиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.