Епископот крушевачки Давид вчера е хоспитализиран со влошена здравствена сосотојба во ковид центарот „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, известува порталот нова.рс.

Се уште нема официјална потврда за состојбата на владиката Давид, но како што пишува овој српски портал, најверојатно е позитивен на ковид-19. При служењето на погребното опело во храмот ,,Св. Сава“ за патријархот Иринеј, било очигледно дека не се чувствува добро, па медиумите во Србија претпоставуваат дека тој најверојатно го служел погребното опело како ковид позитивен.

Досега од редовите на СПЦ од ковид 19 починаа 5 високо позиционери свештени лица, меѓу кои и патријархот Иринеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.