Српскиот јутјубер Никола Јовановиќ, познат како Никса Зизу, ја шокираше јавноста со својат истап за злоставување и силување во програма на телевизија „Хајп“.

Јовановиќ во студиото прво изјави дека мажите првенствено ги гледаат жените како сексуален објект, на што водителките Милица Вуклиш и Јована Андрејиќ се обидоа да му укажат на проблематиката во неговите изјави.

Не поддржувам насилство, но жени, мора да размислите малку со кого се гледате и зошто се гледате. Немојте да влегувате во автомобил со некој ако ве повика во 22 часот, особено ако е постар од вас, си знаете што тој сака од вас – изјави јутјуберот.

Водителката потоа му напомена дека никој нема право некого сексуално да злоставува, дури и ако шета гол на улица, но јутјуберот продолжи по свое.

Тоа што имате или немате право не значи дека не сте вие виновни. Ако налетате на некоја таква будала која е пијана или дрогирана, а вие шетате полуголи на улица, вие сте винови. Виновни сте вие што сте поминале таму, не е само тој виновен. Тука нема не. Треба да знаеш дека си послабиот пол. Испраќаш голи фотографии на маж и доаѓаш кај него дома гола навечер и ако му кажеш „не“, тоа е многу голем проблем, разбираш? Треба да знаеш што правиш и кај кого одиш, мора да знаеш дека си послабиот пол – инсистираше тој.

Јовановиќ потоа порача и дека жените не би требало да им се спротивставуваат на мажите, што се однесува до ставовите.

„Ти треба на мажот да му кажеш – да, за сè си во право“ – изјави јутјуберот, после што водителките го напуштија студиото.

Ете, така треба, да се извиниш и да излезеш – продолжи јутјуберот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.