Хаосот на Косово бил избегнат откако американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер му ја презентираше реалната состојба на теренот на премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти.

– Ако продолжиш да си играш со оган, војската на Србија ќе те згази, а КФОР нема да може да те заштити -му рекол Ховениер на Курти, дознава „Република.рс“.

Веднаш по оваа средба Курти ја „свиткал опашката“ па одлуката за пререгистрација на возила со српски регистарски таблички и замена на српските лични карти ја одложи за еден месец.

Ховениер буквално му рекол:

Ако Вучиќ испрати војска ќе те израмнат. Немаш војска, а КФОР нема доволно персонал и опрема да те заштити. Немаат што да те заштитат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.