Саманта В.(31) е пронајдена мртва во стан во Власотинце, а полицијата се уште интензивно трага по нејзиното момче, државјанин на Македонија.

Смртта на несреќната девојка била пријавена синоќа околу 22 часот.

Постои сомнеж дека Саманта била мртва неколку дена, но дека момчето дури синоќа го пријавило случајот во полиција. Таа беше пронајдена во кревет во локва крв и покриена со ќебе, но не можеше точно да се утврди од што починала, па наредена е обдукција, вели изворот за српските медиуми.

Македонскиот државјанин кој бил момче на Саманта после тоа исчезна, а полицијата трага по него. Тој се уште не е осомничен, но потребно е да даде изјава.

На местото каде со години живеела Саманта В., велат дека биле изненадени од нејзината смрт.

Таа е од Власотинце, а еве неколку години беше во брак со мојот братучед. Имаат две деца, работеше во фабрика, но се разведоа и таа се врати во родниот град, вели братучедот на поранешниот сопруг на починатата.

Слушнавме дека е пронајдена мртва, но не знаеме ништо, дали е убиена или штотуку починала. За смртта нејзиниот поранешен сопруг бил известен од полиција, во селото доаѓала патрола, објаснува роднината.

Како што вели Саманта не ја видела речиси две години.

-Ги остави децата во селото, братучед ми се прежени, а Саманта некако се оддалечи од нас. Еднаш ја запознавме со еден дечко, веројатно Македонец, зборуваше културно и продолжи понатаму. Многу ни е жал, најлошото за нас е што не знаеме како го загубила животот, додава роднината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.