Опозицијата во Србија бара договор како Пржинскиот прилагоден на српски услови.

Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП) и еден од лидерите на опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС) во која, покрај неговата партија се и Двери на Бошко Обрадовиќ, Демократската партија (ДС) на Зоран Лутовац, Нова партија (НС) на Вук Јеремиќ и други, Драган Ѓилас, во интервјуто за МИА, направено пред влезот на РТС за време на вчерашната блокада на Радио телевизија Србија (РТС) од страна на СзС поради незадоволство од информирањето на јавниот сервис, истакна дека опозицијата во Србија бара Пржински договор како во Северна Македонија, прилагоден на српски начин.

Не бараме ние нешто преголемо, ние бараме Пржински договор на српски начин, ништо друго. За да има ситуација со која можете да дојдете до фер и чесни избори. При тоа сме свесни дека оној кој беше на власт седум години е секогаш во предност на тие избори, но важно е да се направи систем. Како што сега Северна Македонија има нови избори по истиот систем, значи едноставно политичкиот живот се врати во нормала. Мислам дека без тоа ниту Србија не може да тргне напред. Тоа го зборуваме со луѓето од Европа, веруваме дека тие навистина сакаат добро, дека сакаат да помогнат, дека сакаат ова да се стабилизира и веруваме дека на крај ќе дојдеме до тоа, вели Ѓилас за МИА.

Додава дека она што се случи со Македонија за започнување на преговорите е страшен удар за сите оние кои донесоа тешки одлуки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.