На северниот дел на Велебит во Хрватска, наврна половина метар снег. Почетокот на оваа недела во која почнува месецот, како што беше најавено донесе голема промена на времето со заладување, па дури и снежни покривки на планините во регионот.

Како што пренесува „Танјуг“, снег од утринава наврна во Националниот парк Велебит. Умерен снег паѓаше и во Истра, каде покрај снежната покривка се забележани големи и силни дождови.

Исто така вчера снегот во Словенија предизвика проблеми во сообраќајот, па зимската опрема е задолжителна на одредени патишта во северозападниот дел од земјата.
Снежни врнежи во утринските часови имаше на подрачјето Крањска Гора, а подоцна и на Бохињ, јавуваат словенечките медиуми.

Снег паѓа на надморска височина од околу 800 метри. Сообраќајниот информативен центар за државни патишта предупреди возачите дека поради зимските услови затворени се неколку планински превои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.