Во својата официјална посета на Подгорица и состанокот со својот црногорски колега, Ѓорѓе Радуловиќ, министерот за надворешни работи на Бујар Османи, оствари средби со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, претседателот на црногорскиот парламент, Алекса Бечиќ, претседателот на Владата, Здравко Кривокапиќ и заменик-претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.

На средбите беа нагласени блиските и партнерски односи меѓу двете земји, за кои беше потенцирано дека се безотворени прашања. Овие политички односи треба да бидат поттик за богата и плодна економска соработка,за што постои интерес и потреба, беше подвлечено од страна соговорниците. Акцент беше ставен и на соработката на двете земји сојузници во рамките на евро-атлантските механизми за соработка и особено во процесот на интеграцијата во Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.