Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со словенечкиот премиер Јанез Јанша, на отворањето на 53-иот меѓународен саем во градот Цеље, јави новинската агенција В4.

Орбан допатува во Словенија со поголема унгарска владина делегација, ориентирана кон зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Со Орбан во Унгарија допатуваа вицепремиерот Золт Семјен, министерот за надворешни работи Петер Сијарто, министерот за одбрана Тибор Бенко и други министри од ресорите врзани со економијата и технолошкиот развој. Дури 26 унгарски компании отвориле штандови на саемот, да отворат можности за економска соработка.

– Инвеститорите бараат нови, атрактивни локации, и Унгарија е влезена во трката д ги привлече. Во услови на криза, успеваат само држави кои имаат јасна стратегија, не ги затвораат своите капацитети и ја штитат својата работна сила, изјави Орбан, додавајќи дека Словенија е слична земја, која никоогаш не припаѓала на Балканот, туку е дел од големиот регион на средна Европа, од Полска до Јадранот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.