Во кривичниот суд во Луцерн, Швајцарија, утрово почна судењето на 23-годишна Србинка, обвинета за убиство на нејзините две новороденчиња, близнаци, пренесува српски „Блиц“.

Трагедијата се случувала на 10 декември 2015 година. Тогаш дваесетдодишната Јелица С. (псевдоним доделен од страна на весникот), била во седмиот месец на бременоста. Неколку месеци претходно, нејзиното момче, Србин, ја оставил. Тој барал од неа да абортира, но не сакала. Кога почнале трудничките болки, легнала во кадата и почнала да се пораѓа, раѓајќи машко дете.

Бебето плачеше, не звучеше човечки. Се уплашив, раскажала таа пред судот.

Во домот, нејзините родители и сестрата, во тој момент не знаеле дека Јелица се породила. Таа го зела клучот од подрумот и го одвела бебето таму, криејќи го под облеката. Во подрумот, Јелица со цела сила го удрила бебето од ѕидот, по што го фрлила на подот. Поради тешките повреди на главата, новороденчето брзо починало.

Како што му раскажала на судот, телото на мртвото новороденче го замотала во маичка и го сокрила во големото плишано мече со патент.

По 31 час подоцна, таа повторно се нашла во истата када, раѓајќи го второто дете, кое починало брзо по раѓањето. Таа го завиткала во крпа и го ставила во корпата за валкани алишта, каде што подоцна било пронајдено.

Според сведочењето на докотрите, доколку Јелица по првото породување веднаш отишла во болница, второ дете би преживеало.

Целиот случај би останал неоткриен, доколку по второто породување таа не изгубела свест поради обилно крварење. Кога родителите ја одвеле во болница, лекарите веднаш констатирале дека таа неодамна се породила, по што повикале полиција.

Јелица поминала 63 денови во притвор. Таа се суди за убиство со предумисла за првото и убиство со предумисла поради недејствување за второто новороденче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.