Србинот Миле Ѓорѓевиќ (29) е осуден во Италија на осум години затвор, откако со соучесници ограбил постара госпоѓа и од нејзината куќа однел накит вреден 600.000 евра. Миле бил уапсен два месеци по грабежот, откако станал сомнителен со раскошот со кој се фалел на Фејсбук.

Во март минатата година тие ја ограбиле жената, која за време на случката доживеала тортура долга еден час, односно ограбувачите ја мачеле додека не го отворила сефот. Откако Миле и соработниците го собрале накитот избегале. Се ќе поминело добро за нив доколку не почнале да се фалат како супер живеат во Италија.

Миле и соработник од Романија, кој добил шест години затвор, почнале да објавуваат фотографии од журка во лимузина на кои се гледа како „течат реки“ шампањско.

Тоа што и паднало во очи на полицијата била раната која ја заработил Миле кога провалувале во станот на жртвата.

Кога се поклопиле сите докази од истрагата, полицијата им тропнала на врата и сите тројца ги лишила од слобода. Третиот член во бандата бил малолетен, па не е познато каква казна добил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.