Србин разоткрил и осуетил планови за изведување на терористички  напад во Виена, пишува весникот „Естерајх“.

Весникот пишува дека на основа на анонимен повик им влегла во трага на двајца Чеченци кои наводно планирале да извршат терористички напад на Виена, на плоштадот „Штефанплац“. Централна личност во таа акција е српски државјанин, затвореник во Хиртенберг.

Како што се наведува, полицијата, на основа на добиените информации почнала да ги прислушкува телефоните на осомничените, а податоците кои биле собрани го потврдиле сомнежот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.