Суд во Србија осуди маж на три години затвор за непочитување на наредбите за самоизолација.

Првата ваква пресуда била изречена на судење што преку видео-линк се одржало во Димитровград. Жител на село во близина на Пожаревец, пак, доби две години затвор зашто самоволно ја напуштил изолацијата.

Дури 112 луѓе се наоѓаат во притвор во Србија поради непочитување на наредбата да седат дома и чекаат судење.

Во Србија досега има 457 случаи на коронавирус, а осуммина починале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.