На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле за „Танјуг“ од српската Дирекција за цивилно воздухопловство.

Владата во Подгорица во понеделникот објави дека донела одлука од 1 јуни да ги отвори своите граници со голем број земји, но дека тие и понатаму остануваат затворени за Србија и Република Српска.

„Монтенегро ерлајнс“ вчера објави дека се подготвува да продолжи со комерцијалните летови и дека првите летови ќе бидат кон Белград.

Сепак, Дирекцијата за цивилно воздухопловство донесе одлука да ја одземе дозволата на црногорската авиокомпанија, а објаснувањето на решението, е дека одлуката на Владата во Подгорица го крши принципот на реципроцитет во движењето на патниците меѓу двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.