Заради лошата епидемиолошка ситуација во Црна Гора ќе биде воведена мерка за задолжителна самоизолација од 14 дена за сите граѓани на Црна Гора кои ќе влезат во Србија, пишува српски Блиц, повикувајќи се на извори од Владата на Србија.

За потсетување, на српските државјани со месеци наназад им е оневозможен влез во Црна Гора, бидејќи автоматски се испрааќаат во 14 дневна изолација, а од вчера за граѓаните на Србија наместо самоизолација задолжителен е карантин.

Според последните податоци, во Црна Гора во последните 24 часа откриени се 60 новозаразени лица, од кои 30 контакти се од претходно утврдени случаи додека за исто толку се трага по изворот на заразата.

Од почетокот на јуни вкупниот број на регистрирани случаи е 517, со пет починати пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.