Премиерката на Србија Ана Брнабиќ најави дека во вторник ќе се одржи седница на Кризниот штаб на која ќе биде донесена одлука за мерките за Нова година.

Брнабиќ рече дека комуникацијата меѓу претставниците на владата и експертите во Кризниот штаб е одлична, иако понекогаш има несогласувања.

Медицинскиот дел се грижи за заштита на здравствениот систем и здравјето на граѓаните, а јас како премиер и другиот економски дел од Кризниот штаб треба да разгледаме некои други работи, како овие мерки влијаат на економијата. Оваа борба е енормно скапа, ни одзема дури и над милион евра секој ден. Само тестирањето носи околу 700-720.000 евра на ден, кога имате 20.000 тестови – рече Брнабиќ.

Сериозна борба е да се помирите со тие две работи и мора да се грижите за менталната состојба на нацијата, рече таа.

Медицинскиот дел од Кризниот штаб не беше за ублажување на мерките викендов, но беше пронајден добар компромис. Бројот на новозаразени опаѓа, а економијата работи, рече таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.