Нови половина милион дози од вакцината на кинеската „Синофарм“ вечерва пристигнаа во Белград. На аеродром ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој и се заблагодари на Кина за оваа, но и за претходните пратки.

Надвор од протоколот, вечерва дојдов на аеродромо „Никола Тесла“. Нашиот најголем авион, А330 донесе 500.000 вакцини од Синофарм. Дојдов за уште еднаш да ја изразам својата почит и благодарност кон претседателот Си Џипинг и кон кинескиот народ, рече Вучиќ во видеообраќањето од аеродромот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.