Во последните 24 часа во Србија на коронавирусот се тестирани 13.429 лица, од кои 4.995 се позитивни, а 31 лице починало.

Ова е рекорден број на починати во еден ден од ковид-19, од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Србија.

Според последните податоци на српското министерство за здравство и Институтот „Батут“ на респиратори во здравствените институции низ Србија се наоѓаат 212 пациенти. Тоа што дополнително загрижува е дека се хоспитализирани рекордни 6.214 лица.

Како што изјави градоначалникот на Белград, д-р Зоран Радојичиќ, утре ќе биде одржан кризен штаб на Градот Белград, а главна тема ќе биде функционирање на градскиот превоз, но и спречување на домашни забави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.