„Добри вести! Советот на ЕУ и Европската комисија засега нема да отворат нови поглавја за преговори со Србија“, напиша на Твитер известувач на ЕП за Косово, Виола Фон Крамон додавајќи како објаснување дека она што го опиша како „влошување на состојбата на демократијата, напади врз медиумите, насилство против мирните протести и проблематичните избори“ не се патот кон евроинтеграциите.

Оваа објва предизвика голем број реакции од Србија, а се огласи и министерката за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ, која оцени дека европарламентарката Виола фон Крамон е отворено политички инспирирана против Владата на Србија и дека нејзиниот твит „навистина не оди подалеку од политичката пристрасност што стана толку воспоставена меѓу одредени пратеници на одредени политички групи во ЕП“.

За почеток, нека бидат информирани и прочитајте ја содржината на новата методологија, за која премиерката (Ана Брнабиќ) и јас разговаравме вчера со претседателката на ЕК (Урсула фон дер Лајен) – истакна Јоксимовиќ.

Таа нагласи дека што е можно поскоро треба да биде обликувана примената на новата методологија за пристапниот процес на Србија, со што се доцни, бидејќи земјите-членки и ЕК не можат да се усогласат за преговарачките рамки за Македонија и Албанија, за кои иницијално е создадена новата методологија.

Поглавјата воопшто повеќе не се основен инструмент на процесот, туку постигнување на критериуми за отворање цели кластери на сродни поглавја, со силен политички надзор над процесот. Можеби за отворање на кластери повеќе нема да биде важно отворањето на одделни поглавја, туку посебен критериум за отворање, или на пр. „track record“ во сите поглавја од кластерот, откако ќе се формира примената на новата методологија за земјите во пристапниот процеc – наведе српската министерка.

Јоксимовиќ додаде дека е важно до крајот на годината да се одржи посебна политичка Меѓувладина конференција за Србија, што е задолжително според принципите на новата методологија по објавувањето на Заклучоците за проширување.

Затоа, очекувам и им реков на сите партнери во ЕУ дека би било добро до крајот на германското претседателство да се примени тој дел од методологијата што може да се примени во оваа фаза, а тоа е да се одржи политичка Меѓувладина конференција каде на стратешки политички дијалогот ќе се дискутира за пристапниот процес на Србија, напредокот во областите дефинирани од 6-те кластери, би се презентирале најновите позитивни движења на новата српска влада во областа на владеењето на правото и очекувањата и плановите за пристапниот процес следната година – изјави Јоксимовиќ.

Таа исто така посочи дека на 17 декември е закажан состанок на највисоко политичко ниво на Советот за стабилизација и асоцијација, каде исто така ќе биде можно да се анализираат најважните аспекти на политичките и економските односи на Србија како земја во процесот на пристапување и ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.