Медицинскиот дел на Кризниот штаб во Србија бара воведување полициски час и забрана за контакти, бидејќи, според нив, тоа е најефикасен начин да се намали бројот на заразени за седум до 10 дена.

Тие беа јасни и решителни дека во овој момент тоа би било најсоодветно, што се однесува до медицинската работа. Тие не можат и не сакаат да навлегуваат во последиците што ќе ги предизвика ваквата рестрикција, пред се во економијата, па останува да се состанеме повторно во следниот временски интервал, да имаме консултации и да донесеме одлука што ќе биде соодветно,соопштија од Кризниот штаб по ссостанокот.

Од телото кое ги предлага мерките до Владата сметаат дека мора да се има предвид пред се здравјето и интересот на граѓаните, но исто така и да се води грижа како државата ќе може да издржи, не само економски, туку и во сите други аспекти, при евентуално ново затворање.

Денеска Србија продолжи со трендот на голем број заразени, при што од 13 286 тестирани во последните 24 часа, 3 469 биле позитивни, а 16 пациенти починале, додека 164 пациенти се на респиратор.

Викендов во Србија беше воведена рестриктивна мерка со која кафеаните и трговските центри работеа до 14 часот донесена во петокот, при што од Кризниот штаб ја најавија како предупредување пред воведување полициски час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.