На институтот „Торлак“ во Србија почна производство на вакцината „Спутник В“ против коронавирус.

Со ова Србија стана прва држава во јужна Европа која ќе произведува вакцина. Производството во Србија е во согласност со најстрогите стандарди, соопштуваат од Фондот.

Во меѓувреме, шефот на руската служба за здравствен надзор Ала Самојлова изјави дека не регистрирале ниту еден случај на тромбоза по вакцинацијата со руската вакцина.

Повеќефазното прочистување на вакцината „Спутник В“ со употреба на високотехнолошка хроматографија и микрофилтрација ја исклучува можноста во вакцината да успее да влезе голема количина на преостаната ДНК, што е фактор на ризик за развој на тромбоза – објасни Самојлова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.