Кризниот штаб на Србија денес ќе одлучи дали ќе ги прифати построгите мерки предложени од медицинскиот дел или ќе се откажат од целосно заклучување за што се залага градот Белград.

Како ќе изгледа животот во Србија во следниот период – ќе се знае денес по седницата на Кризниот штаб.

Медицинскиот дел од кризниот штаб на денешната седницата ќе дојде со истото барање што го побараа во понеделникот, да се затвори сè освен аптеките, продавниците за храна и бензинските пумпи и тоа на минимум седум дена.

Од друга страна, оние што ги застапуваат економските аспекти велат дека може да се најде компромис, за да може да се затвори сè за викендот, освен споменатите објекти и да се скрати работното време до 18 часот од понеделник до петок . Претседателот Александар Вучиќ веќе изјави дека Србија е далеку од воведување вонредна состојба.

Епидемиологот и член на кризниот штаб, д-р Предраг Кон, истакна дека епидемиолошката состојба не може да се игнорира и дека е катастрофална во Белград. Остануваме на нашиот став дека затворањето на кафулињата и рестораните нема алтернатива. Јасно ни е дека ова треба да трае најмалку две или три недели, но знаеме дека од различни причини тоа не е можно. Сепак, сега секое намалување на контактите што спречува собири значи многу, рече Кон како гостин на ТВ Прва.

Неговата проценка, а неа ја делат и другите членови на медицинскиот дел од кризниот штаб, е дека во следните десет дена ќе има зголемување на бројот на заразени и дека најефикасен начин да се запре преносот на инфекцијата е затворање сè во период од 21 ден. Сепак, тоа би се одразило на економијата и затоа бараат заклучувањето да се намали на најмалку седум дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.