Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, соопшти дека српската војска и полиција ќе добијат најнова опрема и оружје од Русија.

Армијата и полицијата ќе купат најсовремена технологија, меѓу другото произведена од Русија – изјави српскиот министер за РИА Новости.

Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека властите во земјата очекуваат ракети „Корнет“ да бидат испорачани од Русија до крајот на оваа година. „Корнет“ е модерна руска преносна противтенковска ракета наменета за употреба против основните тенкови.

Србија е најголемиот увозник на руско оружје и воена опрема во Европа.

Во последните неколку години, Русија и предаде на Србија 30 модернизирани тенкови „Т-72МС“, 30 оклопни возила „БРДМ-2“, седум хеликоптери „Ми-17“ и „Ми-35“ и шест ловци „МиГ-29“.  Белград, исто така, набави и батерија од ракетни системи „Панцир-Ц1“.

Српскиот претседател истакна дека земјата сака да го има рускиот противвоздушен систем „С-400“, но дека се уште не може да си го дозволи тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.