На денешната седница на Кризниот штаб одлучено е во Србија да се воведат ковид пропусници. Според Блиц уредбата за воведување на ковид сертификатот треба да биде усвоена на утрешната владина седница.

Кризниот штаб одлучил дека пропусниците нема да бидат потребни за аптеки и продавници, но според Блиц, кој напоменува дека се уште нема точни информации, најверојатно ковид сертификатите ќе се бараат во ноќните клубови и баровите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.